Дебрца, 2. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градежната механизација на општина Дебрца и јавното комунално претпријатие продолжуваат со чистење на одводните канали во општината.
При крај е и обемната активност за чистење на дивите депонии во неколку селски средини. Изминативе неколку дена во селото Белчишта беше исчистен одводен канал во место викано „Чунејнца”, во должина од околу 400 метри, се спроведе чистење на речното корито на Голема Река, на делниците: Манастир „Св. Атанасије“ – Долно Средорече (околу 400 метри ) и манастир „Св. Атанасије” – селска воденица (500 метри ), во село Оровник, чистење и уредување на речно корито, кај ново уредениот простор во селото.
Од Општината продолжуваат и со чистење на дивите депонии во селеските средини и тоа во Мешеишта, чистење на дива депонија во „Копрнички Дол“, во село Климештани, чистење на простор кај црква „Св. Климент Охридски”, во Сливово, чистење на простор во дворно место на црква „Св. Варвара”, се чистеше и уредуваше просторот во село Црвена Вода, а во село Горенци се изврши ископ и затрпување на канал за поставување на црево за водоснабдување на црква „Св. Атанасије” (околу 350 метри ).
Покрај ова, беа исчистени и депониите во селата Лешани и Злести. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца