Охрид, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со цел ефикасна превентивна заштита на граѓаните од новиот корона вирус (COVID 19), од Светската здравствена организација (СЗО) апелираат да се почитуваат нивните препора во насока на справување со новонастаната состојба и проширувањето на вирусот во Италија.
Степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво, а Комисијата за заразни болести, која заседаваше денес, донесе и нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени. Првичните заклучоци од состанокот на Комисијата за заразни болести се дека се засилува контролата на сите гранични премини и на двата аеродроми во земјата. На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба.
Препораки од СЗО:
Претходно денес и Министерството за здравство на Република Македонија испрати апел до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита:
• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива