Донецк, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Силите на Народна Република Донецк планираат да ги реокупираат градовите Славјанск, Краматорск и Мариупол, рече Александар Закарченко.
– Ова е период на интензивен конфликт. Ние повторно ќе ги освоиме Славјанск, Краматорск и Мариупол. За жал, невозможно е да се најде мирно решение. Ние сме единствените кои го почитуваат режимот на тишината, рече Александар Закарченко.
Властите на Донецк постојано нагласуваат дека самопрогласената република никогаш нема да стане дел од Украина. (Крај)
извор: РИА Новости фото: архива