септември 28, 2017

Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нема ништо подраго од тоа да си ја гледате перспективата таму каде што живеете, творите, другарувате. Да работите и создавате во сопствениот град, во сопствената држава. Охрид го правиме место со перспектива, место каде младите ќе ја градат иднината, порача на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Мишел Силјаноски.

– Без развојот на локалната економија, нема ништо. Токму затоа предвидуваме здружување на бизнисите со општината и граѓаните. Тие да бидат партнери во создавањето на подобар живот за сите. Еден од основните предизвици со кои се соочува градот Охрид е зголемување на животниот стандард на граѓаните, привлекување на младите генерации да останат да живеат и творат во градот, генерирање на поквалитетни работни места со повисоки примања, генерирање на економскиот раст и развој. Локалните самоуправи добиваат повеќе пари, а со тоа и повеќе можности. Новата локална власт предводена од Социјалдемократскиот Сојуз има отворен и сигурен партнер во Владата на Република Македонија. Парите ги враќаме кај граѓаните. Веќе стана реалност мерката 10.000 евра неповратни средства за младински старт ап компании со кои многу млади во Охрид ќе си ја пронајдат иднината и егзистенцијата, тука, во родниот град. Се отвораат и центри за отпочнување и развој на бизниси кои ќе ги водат токму младите низ целиот процес на стекнување на искуство и развој на нивните компании. Општината станува пријател на бизнис заедницата со која заеднички ќе се дефинираат приоритетите за развој на Охрид, а преку бизнис форуми ќе се проектира и следи локалниот економски развој, напомена Силјаноски. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука