Струга, 18. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Струга е домаќин на симпозиум насловен „Денови на превентивната медицина 2019“.
Истиот е во организација на здруженијата на доктори специјалисти по хигиена и здравствена екологија, микробиолози, епидемиолози, лекари по медицина на труд и Специјалистичкото здружение на лекарите по социјална медицина со организација на здравствена дејност.
На симпозиумот, што ќе трае до 19-ти октомври, со свои теми и научни трудови ќе учествуваат 120 лекари од државава и од регионот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 38