Охрид, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид ќе се одржи Прв Симпозиум за примена на антибиотици при примарна заштита, како и предизвиците за примена на антибиотиците во прилог на здравјето на луѓето.
Симпозиумот ќе биде на 1-ви мај, петок, а во организација на Здружението на специјалисти по семејна медицина, респираторна група од Скопје.
Темите за кои ќе се говори на симпозиумот се: Примарна здравствена заштита, Истражување и едукација, Здравје, медицина, фармација.
Симпозиумот ќе биде под мотото: „Дишете слободно“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40