Охрид, 2. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до 5-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на 18-тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ).
Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.
Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото.
Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области. (Крај)
извор: porta3.mk фото: porta3.mk