јули 6, 2019

Охрид, 6. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ова лето ќе биде домаќин на уште еден голем фестивал, како што велат организаторите, најголемиот електронски фестивал на годината AMANET FESTIVAL 2019-та.

– Драги пријатели ова лето се раѓа AMANET FESTIVAL. Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме првото издание на електронскиот музички фестивал AMANET. Основната линија на фестивалот е да презентира звучни имиња од глобалната електронска сцена сместени во два фестивалски викенди, 26-ти, 27-ми и 28-ми јули и први и 3-ти август 2019 година. AMANET FESTIVAL оваа година ќе понуди богата програма како целовечерните журки под отворено небо на плажата Градиште 2, ексклузивните warm up журки кои ќе се случат на бродот „Галеб“, дневните журки, и првата и единствена журка која ќе се случи на зајдисонце, на атрактивната и пристапна локација со еден од најубавите погледи кон градот Охрид и Охридското Езеро, „Долни Сарај“. Нашите планови и амбиции се AMANET FESTIVAL да прерасне во сериозен фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена, градот Охрид и Македонија. Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма., порачуваат организаторите од Sun Produkcija кои најавуваат врвна програма во рамките на првото издание.

Хедлајнер ќе биде ѕвездата на летото Nic Fanciulli, а забавата ќе се одржи во сабота, на 27-ми јули на Gradiste 2-Summer Beach Club.

Image may contain: 1 person, standing, beard and text

Nic Fanciulli припаѓа на генерацијата дј-и кои одиграа голема улога во втемелувањето на моменталниот статус на Ибица, како островот на денс и електронската музика. Неговата кариера е распослана во две декади битисување на електронската андерграунд сцена. Со својата работа на многу ралзични проекти, Nic Fanciulli отскокнува како мултиталентиран артист кој докажува дека креативноста е клучот за опстанок во оваа брзо растечка индустрија. За неговата импресивна кариера може многу да се напише, но она што е најважно е дека таа има природен раст поттикнат од љубовта кон оваа сцена и желбата истата да се сподели.

– Бидете дел од ова уникатно и незаборавно искуство и уживајте во звукот на електронската музика, порачуваат од AMANET FESTIVAL 2019.

Image may contain: 2 people

Еден од настаните кои секако ќе го одбележат ова лето е и настапот на ARTBAT, најбараниот техно акт на планетава во моментов. Cercle ги лансираше директно во ѕвездите, а Sun Produkcija со задоволство го најавува гостувањето на ова ултра популарното дуо како хедлајнери на вториот викенд од првото издание на AMANET Festival 2019.

Најпознатото украинско електронско дуо го сочинуваат Артур и Батиш. Во моментов уживаат сериозна препозатливост на глобалната музичка сцена и ќе настапат на првото издание на AMANET Festival 2019. Последните неколку години, овие искусни дј-и и продуценти од Киев, постигнаа неверојатен подем во својата кариера. Клучот на нивниот успех лежи во моќниот и инвентивен препознатлив звук кој го создаваат. Нивните импресивни траки имаат способност да допрат до публиката без разлика дали истите ги изведуваат на интимни мали подиуми или големи фестивалски арени. Драјвот е неизбежен и токму затоа и нивните траки се вклучени во сетовите на најеминетните имиња од моменталната техно и хаус сцена како Соломун, Tale of Us, Pete Tong, Deadmau5, Richie Hawtin… Во моментов Artbat се наоѓаат на врвот на повеќе топ листи на електорнска музика и се најдобро продаваниот артист на Beatport Melodic House & Techno Char.

Забавата ќе се одри во четврток, први август на Gradiste 2 – Summer Beach Club.

Matthew Dekay на 26-ти јули на првото издание на Amanet Festival во Охрид

Она што се очекува како еден од настаните по кои ќе се памети ова лето секако е и настапот на еден од омилените дј-и на македонската публика, човекот кај кого забавата е загарантирана – Matthew Dekay кој ќе го отвори првото издание на AMANET Festival 2019.

Неговата способност целосно да се предаде на оваа фрекфенција и да дејствува како нејзин катализатор целосно препуштајќи се на нејзиното течение и вибрации, е причината за неговата успешна кариера досега.
На почетокот на својата академска кариера како музичар, Matthew Dekay ги осознава слободата и магичноста на електронската музика, каде стриктните правила на класичната симфонија едноставно не постојат. Во овој процес, тој открива цел еден нов свет каде може да го искаже своето внатрешно чувство и кој набрзо станува негов животен пат.

Неговиот сет на Gradiste 2 – Summer Beach Club ќе можете да го проследите во петок, 26-ти јули.

Image may contain: text

Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД. На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука