јули 10, 2019

Охрид, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од AmaNET Festival 2019 најавуваат спектакуларна и ексклузивна завршница.

– Првото издание на фестивалот го затвораме во сабота на 3-ти август, на една навистина магична локација на која за првпат ќе се случува ваков тип на настан. Првата и единствена журка која ќе се случи на зајдисонце, на атрактивната и пристапна локација со еден од најубавите погледи кон градот Охрид и Охридското Езеро – „Долни Сарај“, информираат од SUN Production.

Честа да го затворат фестивал ќе ја имаат: Loco Baby [Official] – SRB, MINIMIM – AL, FLOODER, MELANIE DIGIT, MITRIK vs LTX – Room 313.

Забавата ќе започне од 19:00 часот, а почетна цена за еднодневна влезница е 500 денари. Влезници во претпродажба во „Југотон“ и сите продажни места на www.kupikartizase.com.

Комплетната програма на првото издание на AmaNET Festival 2019 ОВДЕ.

Image may contain: text

Супер радио и ова лето продолжува со својот проект СИТЕ ВО ОХРИД. На нашата програма, но и на нашите информативни портали OhridPress и Inpress ќе ги промовираме сите настани, кои ќе се одржуваат на Охридско-струшката ривиера, во насока на уште една поуспешна и подолга туристичка сезона. Ве очекуваме, и ова лето СИТЕ ВО ОХРИД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука