Вевчани/Охрид, 25. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Держава“ Вевчани има свој претендент во изборната трка за претседател на Република Македонија.
Вевчанецот Господин Попоски започна да собира потписи за кандидатура и за Супер радио и OhridPress изнесе дел и од неговите ставови и зошто се одлучил за ваков чекор.
– Се залагам за името, за студентите, за земјоделците и за пензионерите, изјави кратко 48-годишниот вевчанец кој работи како градежен работник и земјоделец.
Тој ги повикува сите да го дадат својот потпис за него во подрачното одделение на ДИК во Струга.
Разговаравме и со неколку луѓе од Вевчани, кои дадоа силна поддршка за Господин Попоски.
– Сите ви нудат кандидати за претседател, само ние Ви нудиме Господин, порачуваат луцидните вевчанци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес