август 1, 2019

Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веќе традиционално, Илинденскиот викенд е шпицот на секоја сезона во Охрид. Градот е одлично исполнет, а се бара место повеќе во објектите кои нудат сместување.

Првичните анализи говорат дека оваа сезона ќе биде послаба во однос на минатогодишната, но сепак топлото време и понудата и оваа година привлекоа голем број гости од земјата и странство во градот под Самуиловата тврдина.

Бројните концерти и фестивали, во комбинација со плажите, рестораните и кафе баровите нудат програма за сите вкусови.

Сепак, и покрај најавите, и оваа година нема да имаме продолжена сезона. Да се надеваме дека за идната сезона ќе се остварат плановите и програмите за да се продолжи сезоната. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука