Охрид, 1. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид за време на новогодишните празници живее буквално како во шпицот на летната сезона.
– СИТЕ се во ОХРИД за Нова година и во градот нема слободно место, велат охриѓани.
Исполнети се скоро сите кафе барови и ресторани, а традиционалниот проблем со паркингот во централното градско подрачје сега е уште поизразен.
Убаво за око, но и како посочување на сите проблеми со кои се соочува градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 84