Истон,1. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот американски скијач Боде Милер официјално ја завршува својата фантастична кариера. Тој објави дека веќе нема сили да се натпреварува и ја завршува кариерата.
„Готово е. Кариерата ми беше долга и веќе немам желба за скијање“, изјави Милер.
Тој неодамна го прослави својот 40.роденден, а последната трка ја возеше пред две и пол години. Иако сите се надеваа дека ќе се врати на снежните патеки, Боде Милер и дефинитивно потврди дека дојде крајот на неговата кариера.
Милер се натпреварубаше 16 сезони во Светскиот скијачки куп и оствари 33 победи, и тоа во сите пет дисциплини. Светскиот куп го освои два пати, четири пати беше светски првак, а има и едно олимписко злато. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива