Скопје, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Скопски фестивал 2014 ќе се одржи на 12-ти ноември на сцената во „Метрополис Арена“ во Скопје, со почеток од 20:30 часот.
И овој пат, 20 македонски изведувачи ќе настапат во живо, а ќе бидат придружувани од Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија.
Специјални гости на фестивалот се Калиопи и Каролина Гочева.
Извлекувањето за утврдување на точниот редослед за настап на учесниците ќе се одржи премиерно вечерва во емисијата „Стисни Плеј“ на МРТ, во 20.00 часот.
Годинешниот победникот на Скопскиот фестивал ќе ја претставува Македонија на јубилејниот, 60-ти Избор за песна на Евровизија во Виена 2015. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива