Охрид, 19. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Не фрлај, рециклирај, едуцирај, исчисти… Поддржи ги сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за нашите убавини да блеснат во сиот свој сјај.
Ова беше еден од главните мотиви ова лето, Скопско и охридските „Тамаро“ маркети, заедно со традиционалниот партнер Супер радио да ја реализираат кампањата „Да го откриеме преубавиот Охрид“, односно „Со љубов од Охрид“.
За таа цел искористивме една локација, пред која секој ден поминуваат десетици илјади луѓе, но само малкумина ја погледнале од вистинскиот агол.
Дрвото, чија крошна креира скоро идеална форма на срце се наоѓа на кеј „Македонија“ и за нас беше појдовна и дојдовна точка за „од срцето на Охрид да одиме до дел од најубавите локации во градот и околината – со љубов од Охрид“, но и да ги откриеме и темните страни, ѓубрето и се’ останато што неодговорни поединци меѓу нас го фрлаат токму на овие локации.
Локација број 2.
Чекоштина (Орман)
Некропола од доцноантичкото време на 2 км западно од Охрид, во јужниот дел на ридот што лежи југозападно од селото.
Скопско, Тамаро и Супер радио ова лето иницираат акции и апелираат – да го чуваме затоа што оваа убавина е наша одговорност и сите заедно можеме и мораме да придонесеме градот и целокупната околина да бидат чисти.
Да уживаме заедно во уште едно неповторливо лето охридско 2023-то, но и да ја чуваме чиста оваа неповторлива убавина.
И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing