ноември 16, 2017

Струга, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ш.Е. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“.

Пријавениот делата ги сторил на 1-ви септември годинава. Тој прво користејќи подесен алат, насилно  го отворил патничкиот автомобил марка „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки паркиран на улицата „Ристо Крле“ и го користел за свои потреби.

Во периодот од 23:00 до 07:00 часот, Ш.Е. извршил и тешка кражба во продавница во Струга. Влегол насилно во продавницата и одзел 50 штеки цигари и 7.000 денари. Со извршувањето на двете дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 130.000 денари. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука