Струга, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои осум кривични дела „измама“ и три „измама во обид“.
– Пријавениот, во периодот од 13-ти јануари 2022 до 30-ти октомври 2022 година, измамите ги вршел преку мобилен телефон, при што од оштетените противправно присвоил пари во висина од 529.650 денари. Пријавениот довел во заблуда и измамил 11 физички лица, така што лажно се претставувал и нудел разни услуги при купопродажба на возила, купување градежни материјали, прехранбени производи, превоз на стока, превод на документација и слично, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива