Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот охриѓанец С.Д. и 51-годишниот скопјанец А.С., поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба” од кои две во обид.
Двете лица од јуни минатата година до 17-ти февруари годинава, на подрачјето на селата Лескоец, Старо Лескоец, Горно Лакочереј, во повеќе наврати извршиле тешки кражби во црквите „Свети Илија“, „Света Петка“, „Свети Спас“, „Свети Наум“ и „Свети Тома“, при што одзеле околу 2.000 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 20