Охрид, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.П. од Скопје.
– Казненото дело тој го сторил на 9-ти јули 2019 година, по претходна расправија со лицето О.Т. од Охрид, кога неовластено извршил фотографирање малолетни лица. Фотографите ги објавил на социјалната мрежа Facebook и постирал недолична содржина, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 20