јануари 5, 2017

Охрид/Кичево, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава, го отежнува движењето во повисоките региони, особено на патните превои.

Читатели на OhridPress ни доставија фотографии од патниот премин „Стража“, каде сообраќајот се одвива отежнато, поради снегот кој се наоѓа на коловозот и го отежнува движењето.

snegstrazajan2017Во раните утрински часови имаше врнежи од снег со послаб интензитет на планинскиот превој Стража. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи на Македонија (УХМР), пообилни врнежи ќе има во попладневните и ноќните часови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри. Ќе дува умерен, попладне засилен северен ветер, но во јужните делови претпладне ветерот ќе биде јужен. Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Никола Цобоски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука