Истанбул, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Обилните снежни врнежи откажаа над 800 летови во Турција.
Лошото време го парализирало движењето во Истанбул. Откажани се летовите со Европа, Блискиот Исток и Африка.
Врнежите предизвикаа метеж по главните патни артерии.
Хаосот предизвикан од снегот трае веќе два дена. Поради снежната бура беше запрен сообраќајот преку Босфорот. Откажани беа и многу траекти. (Крај)
извор: АП фото: архива
Прочитано: 22