Охрид, 11. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Даруваме радост на првачињата“, охридскиот Црвен крст организира акција за собирање на училишен прибор потребен за првачињата кои потекнуваат од социјално-загрозени семејства од општините Охрид и Дебрца.
Акцијата започнува денес и планирано е да трае до крај на месец август 2017 година.
– Упатуваме апел до сите граѓани и фирми и ги повикуваме да се вклучат во оваа собирна акција и да подарат радост на првачињата. Потребен е следниот училишен прибор: тетратки со квадратчиња (А5 формат), тетратки без линии (А4 формат), тетратки за почетно пишување, блок бр. 2, фломастери, древни и водени боички, лепак и ножици, молив и гума, пластелин, ленири и самолеплива хартија (колаж), информираат од Црвен крст од каде додаваат дека помошта ќе се собира во собирниот пункт во просториите на Црвениот крст на улицата „Димитар Влахов“ бр. 52 (наспроти Гимназијата) во работни денови од 08:00 до 16:00 часот.
Ја оставаат и можноста млaдите волонтери да ја подгинат помошта со претходна најава на телефонот 046/262-706 или на email [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива