Охрид, 26. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православната црква денеска го одбележува празникот Собор на Св. Архангел Гаврил.
Архангелот Гаврил важи за гласник на Бога и еден од големите Седум архангели кои стојат пред престолот Божји. На денешен ден се слават чудата на Гаврил и јавувања низ целата историја на човечкото спасение.
Се споменува и јавуавањето н Архангелот Гаврил на Света Ана кога ѝ благовестил со ветувањето дека ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија, повеќекратното јавување на Пресветата Дева додека таа пребививала во храмот ерусалимски, јавувањето на првосвештеникот Захариј за да извести за раѓањето на Свети Јован Крстители слично. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива
Прочитано: 28