декември 1, 2017

Скопје, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Собранието им го одзеде имунитетот на шестмината пратеници осомничени за учество во насилствата на крвавиот четврток.

Собранието ги одобри барањата на Основниот суд Скопје за притвор на пратениците: Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Крсто Мукоски од Вевчани и охриѓаните Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Сите присутни пратеници гласаа „за“, додека пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата и обвинија за политички реваншизам.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев пред гласањето рече дека пратениците избираат меѓу две опции, во Македонија да почне да владее правото или и понатаму да се спроведува селективна правда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука