Скопје/Струга, 12. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако пред една недела ги изгласаа, собраниската комисија за избори и именувања пред неколку дена сепак ја повлече одлуката за адвокатот од Струга, Ардијан Демири и правникот од Арачиново, Ведат Салихи, да бидат избрани за членови на Советот на јавните обвинители.
Тие денеска не се најдоа на дневен ред, иако точката беше ставена, а на собраниската страница стои дека е повлечена, јави Канал 5.
Претседателот на матичната комисија Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ пред четири дена го известил собранискиот спикер дека ги повлекува предлозите. До овој момент не добивме објаснување од Сајкоски за тоа кои се причините за ваквата одлука и дали ќе биде распишан нов оглас.
Изборот на Ардијан Демири за нов член на советот на јавните обвинители првично го спореа од ДУИ, а вчера реагираа и од СДСМ. Од опозицијата забележуваат дека Демири е член на Демократското движење на Изет Меџити, а власта со неговиот избор, според нив, прави партизација на судството.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: Канал 5 фото: Канал 5