Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Собрани се половина од потребните средства за операцијата на малата, 3-годишна Теодора од Охрид.
– Драги пријатели сакам да ве известам дека половина од потребните средства се веќе собрани благодарение на сите вас. Ви благодарам од срце и се надевам дека ќе продолжиме исто како и до сега, па нашата малечка Теодора оваа година да започне да слуша, информира Зоки, таткото на Теодора.
Тој посочува на начините на кои може да се донира и да и се помогне на неговата ќерка преку ecrowd.mk и pavelandreev.org, како и преку бројот 143 128 на кој сите хумани граѓани можат да донираат преку мрежата на T-Mobile.
Родителите на малата Теодора, веќе неколку дена апелираат до сите хумани луѓе да им помогнат да ги соберат потребнитге средства за операцијата на нивната ќерка.
– Драги пријатели, роднини, познати и непознати ве молиме за помош. Нашата мала ќеркичка Теодора има голема потреба од сите вас добри и хумани луѓе. На само една година го изгуби нејзиниот слух и исто така и нејзиното нормално детство (две години по болници и рехабилитации, но безуспешно). Сега ни се потребни 27.000 евра за да може да се направи операција со Кохеларен имплант во приватна болница. Ве молиме на сите кој сте во можност да донирате, да го направите истото. Кој не е во можност, доволно е да ја сподели оваа објава и тоа ќе ни биде од голема помош. Заедно да го вратиме нејзиниот слух и безгрижно детство, стои во апелот.
На само 10 месечна возраст, таа имала инфекција на ушињата и поради ненавремено откривање на инфекцијата го изгубила слухот. Поради тоа што нема напредок од слушни апарати веќе една година, потребна е операција со Кохлеарен имплант.
Сите кои можат да помогнат, истото можат да го направат и преку донација на следната жиро сметка:
Зоран Петрески
дознака: Донација за Теодора Петреска
жиро сметка: 200002342823047
Наскоро се очекува да биде отворен и број за донации преку мрежата на А1. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива