Охрид, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Програмата за подобрување на ефикасноста и квалитетот на авто-такси превозот на територијата на општина Охрид ќе се најде на дневен ред на наредната седница на Општинскиот совет закажана за 28-ми јануари.
Членовите на Советот ќе треба да гласаат за предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште за изградба на катна гаража, а ќе се произнесат и по предлог-одлуката за измена на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2015 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40