мај 9, 2018

Охрид, 9. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од наредната недела охридските советници ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на барањата на охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера.

Советничката канцеларија во општинската зграда за охриѓани ќе биде отворена во вторник и четврток во период од 11:00 до 15:00 часот. Во деновите за прием на странки ќе дежураат по еден советник од власта и опозицијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука