Охрид, 30. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Без поголеми расправи и дискусии, градските советници денес ја одржаа 37. седница на општинскиот совет.
На Дневен ред беа десет точки, кои се однесуваа на работата на Јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, неколку беа од сферата на урбанизмот, а се усвои и програма за контрола на популацијата на бездомните кучиња.
Како дополнителна точка советниците ја усвоиија одлуката за утврдување на приоритет на: „Проектот за намалување на загуби на вода со намена и инсталација на мерни инструменти за далечинско отчитување на комплет со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување во Општина Охрид“. Со овој проект се очекува значително подобрување на водената инфраструктура во општината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес