февруари 28, 2018

Охрид, 28. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – За денеска е закажана седмата седница на охридскиот совет.

Градските советници ќе треба да се произнесат за начинот на регулирање на постапката за поставување урбана опрема (маси и столици) пред деловните објекти, откако угостителскиот еснаф и локалната ги испеглаа ставовите.

Освен тоа на дневен ред е и предлог- одлуките за усвојување на Елаборатот за процена на штета од пожар во Охрид од 19-ти август минатата година и за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Охрид од сите ризици и опасности.

На дневен ред е и информацијата со Предлог -одлуки по однос на одлуката за давање на согласност на Одлуката за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква-РЕ Водовод Охрид  и Одлуката за  давање согласност на одлуката за утврдување на тарифа за собирање и  одведување на урбани отпадни води за  регулиран период 2018-2020 година на ЈП „Нискоградба“ -Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука