август 18, 2017

Охрид, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со 14 гласа на советниците од ВМРО-ДПМНЕ против, Советот на Општина Охрид денес ја одби нацрт стратегијата за бегалци и странци.

– Популистички е да се разговара за оваа стратегија, бидејќи каква и одлука денес да донесеме, таа нема обврзувачки акт за владата и пратениците. Оваа нацрт стратегија е продолжение на нацрт стратегијата која владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за периодот 2009-2015 година. Каде бевте тогаш како советничка група да го поставите истото прашање за таа стратегија, запраша советникот од ВМРО-НП Јоне Станкоски.

Според советникот Илија Арнаудоски од ВМРО-ДПМНЕ, Охрид не е подготвен да ги прими мигрантите.

– На поголем дел од општините е пратено писмо да ја разгледаат можноста за изградба на станбени единици за мигрантите, значи и во случај да дојде такво писмо, со оваа одлука ние го задолжуваме градоначалникот. Очигледно е дека и општините се зафатени и мора да донесеме ваква одлука, за да не почне изградба. Јас се сожалувам за судбината на овие луѓе, но Охрид не е подготвен за да ги прими. Се покажа на коридорот каде што поминуваат мигрантите само направија хаос, изјави Арнаудоски.

Со 14 гласа против Советот ја одби нацрт стратегијата, а гласаа само советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека советниците на СДСМ, еден дел не гласаа, а еден дел ја напушти седницата на советот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука