Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Советот на родители на ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид иницира акција за помош на социјално загрозените семејства во пресрет на почетокот на новата учебна година.
– Се ближи почетокот на новата учебна година. Започнува т.н „Back to school shopping“, но не за сите. Дел од родителите не се во можност финасиски да ги издржат трошоците за почетокот на новата учебна година, па затоа апелираме до сите кои се во можност да ги донираат старите, зачувани ранци и училишен прибор за социјално загрозените семејства, апелираат од Советот на родители.
Сите кои се во можност да помогнат, истото можат да го направат по претхден контакт со организаторите:
контакт:
Александар Крстев
Претседател на Советот на родители при ОУ „Кочо Рацин“
070/541-326
извор: ОхридПрес фото: архива