Скопје, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на СОНК синоќа на седницата на советот го прифатиле повикот на претседателот на Европскиот синдикат за образование, Мартин Ромер, за продолжување на преговорите помеѓу СОНК и ресорните министерства.
– Советот едногласно повторно ја потврди непоколебливоста во опстојување на генералниот штрајк, сè додека не се дојде до заемно прифатливи решенија по барањата, за кои претходно ќе се изјаснат сите членови на СОНК што ја почитуваат одлуката за штрајк, велат од СОНК.
Според членовите на советот, членството на СОНК е подготовено да продолжи со штрајкот без разлика на притисоците, сè додека Влдата не понуди решенија кои ќе бидат прифатливи за да се прекине штрајкот. Тие одлучиле да достават уште едно барање до министерствата за продолжување на преговорите. (Крај)
извор: ОхридПрес/НОВА ТВ фото: архива