Охрид, 15. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Два примероци на риба сончарка (Lepomis gibbosus) повторно снимени во водите на Охридското Сзеро.
Фотографиите ги направи нуркачот Никола Паскали од Центарот „Akvatek“ на потегот кај селото Трпејца, на длабочина од 4 метри.
Ова не е прв случај сончарка, која не е автохтон вид риба за нашето езеро, да биде забележана. Во август минатата година нуркачи од „Амфора“ ја снимија сончарката кај „Заливот на коските“.
Инаку, сончарката (Lepomis gibbosus) за прв пат е евидентирана во Охридското Езеро на крајот од 90-тите години. Живее во бавнотечечки и стоечки води, а најмногу и одговараат бистри бари и езера. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Никола Паскали
Прочитано: 23