Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде релативно топло со мала облачност која во текот на денот ќе се проширува.
Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови повремено ќе засилува.
Максималната дневна температура во Охрид до 14 степени.
Додека во делови од републикава, температурата на воздухот ќе достигне до 21 степен.
Во текот на ноќта нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени. (Крај)
извор: Метео фото: архива