Охрид, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
УВ идексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 29. степени.
– Следува период на претежно стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Во среда и четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Охрид
Прочитано: 29