јануари 15, 2017

Охрид, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Метеоролозите за денес предвидуваат претежно сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветар од источен и североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 2 степена, додека дневната температура во Охрид ќе достигне 4 степени.

Од утре ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука