Охрид, 11. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.
УВ индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 36. степени.
– Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината. информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес