Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во Охрид максималната дневна температура ќе биде 18 Целзиусови степени.
Топлото време ќе се задржи до крајот на работната недела. Преодно наоблачување ќе има утре со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови.
Максималните температури нема многу да се менуваат, а утрински негативни температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд, претежно во западните и северните делови од земјата, прогнозира УХМР на Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Татјана Узуноска Тренеска