Охрид, 18. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
УВ индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
– До утре ќе се задржи претежно сончево и топло време со дневни температури кои во најголем дел од земјава ќе се задржат во рамките на просекот за овој период од годината. Топло ќе биде и во недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот оваа облачност ќе биде проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува облачно време со локален дожд и засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе опадне, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: архива