март 4, 2017

Охрид, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 17. степени.

vremenska04032017– За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука