Охрид, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – На локалниот пат во центарот на селото Мешеишта, вчера околу 14:30 часот, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 53-годишниот В.К. од истото село, удрило во ограда од објектот на селското бифе.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ од каде е препратен во Клинички центар во Скопје на клиниката за Трауматологија, информираат од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица од Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 20