Охрид, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кај местото викано „Братин Дол“ во Битола, на 25-ти овој месец, околу 02:30 часот се случила сообраќајна незгода во која 23-годишниот Е.М. од Битола, управувајќи патничко возило „Ауди А3“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двете сопатнички, 20-годишната А.К. од Битола и 24-годишната А.Б. од Охрид. А.К. била задржана во Клиничката болница во Битола на понатамошно лекување, додека А.Б. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општата болница во Охрид каде била задржана на понатамошно лекување, информриаат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. (Крај)
извор: МВР фото: архива