Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти ноември 2024 година, во 01:15 часот, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, излета од патот патнички автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од 18-годишно лице од Охрид.
– Лицето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 98