Охрид, 30. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти јули 2023 година, во 22:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Подмолје општина Дебрца, случена е сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од страна на 29-годишнито С.Б. од Скопје и „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот Ј.М. од охридското село Лешани. Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на првото возило, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, кој е пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршија полициски екипи од СВР Охрид, информираат од Сектора
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 23