Охрид, 5. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти мај 2023 година, во 19:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистрален пат Охрид-Кичево, во близина на охридското село Врбјани, се случи сообраќајна незгода во која се повредени три лица.
– Во незгодата учествувало патничко моторно возило марка „Опел астра“ со охридски регистарски ознаки управувано од страна на 36-годишниот Д.С. од струшкото село Лабуништа, кое излетало од патот. По несреќата, во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид биле пренесени возачот Д.С. и сопатниците, 53-годишниот А.М. и 60-годишниот Н.С., двајцата од селото Лабуништа. На Д.С. и А.М. им биле констатирани тешки телесни повреди, а на Н.С. му биле констатирани телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес