јули 4, 2019

Струга, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 04:00 часот, во струшкото село Драслајца, 25-годишниот Д.Н. од Струга, управувајќи патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во железна ограда.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.С.(20) од село Драслајца и К.М.(25) од селото Мислешево. Тие биле пренесени во болницата во Струга. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот Д.Н.(25) и сопатниците А.К.(18) и К.К.(19), двете од селото Мороишта. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука