Струга/Велешта, 14. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти мај 2023 година, околу 00:50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта, 21-годишниот А.О. од Велешта, управувајќи патничко возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
– На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицинскиот центар од Струга. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 41