Сообраќајка на локалниот пат од населбата „Теферич“ кон селото Шум, повредени две лица
декември 31, 2024

Охрид, 31. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 03:40 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локалниот пат од населбата „Теферич“ кон струшкото село Шум, патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од Охрид, излетало од патот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник од струшкото село Заграчани, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука