Струга, 25. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти јули 2024 година, во 22:50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од селото Лабуништа и патничко возило „Фолксваген пасат“, управувано од страна на 53-годишно лице од селото Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива